Ковачевски уверува дека парно и гас ќе има и по 1 јануари

news
Advertisement

По најавите на Макпетрол дека од 1 јануари веќе нема да увезува гас, надлежните го вклучија алармот…

Advertisement

Надлежните се оптимисти дека земјава нема да остане без гас, ниту граѓаните без парно, бидејќи „МАКПЕТРОЛ“ не е единствениот трговец со природен гас во земјава. Лиценци за оваа дејност имаат и други 12 фирми. Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски е оптимист дека ќе биде успешен новиот отворен повик на ЕСМ кој го објавија денеска, а со кој им се остава можност на фирмите да понудат количини колку што можат.

РКЕ, НЕР и ГА МА ги собраа трговците да ги запознаат со новите правила на игра, и договорот со „Булгартрансгас“ кои ги спореше МАКПЕТРОЛ. Надлежните уверуваат дека не се доцни со носење на законот.

Граѓаните нема да останат без парно, ниту фирмите без гас, уверува и премиерот Ковачевски.

Од „Макпетрол“ велат дека најавата дека нема да увезува гас од 1 јануари е резултат исклучиво на избрзаната одлука за промена на правилата на пазарот со природен гас.Според компанијата не е во прашање никаква уцена, туку економски оправдано решение со цел да се избегне генерирање енормни загуби и долгови кои компаниите што увезуваат гас никогаш нема да можат да ги наплатат затоа што потрошувачите на овој енергенс нема да бидат во можност да ги исплатат.“ Сепак и да се случи земјава да остане без гас, ЕСМ ќе може да користи алтернативно гориво мазут, но максимум 10 дена. Од животна средина велат дека барањето на ЕСМ, алтернативното гориво мазут- да го заменат со дизел е прифатено, но дозволата е се уште во процедура. Природниот гас, останува примарно гориво кое ЕСМ мора да го користи, бидејќи од животна средина го одбија нивното барање гасот да го заменат со дизел.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.