Вошки и бубачки кај осуденичките во затворот во „Идризово“, за кревет, топла вода, телефон… мора да платиш Гордана Јанкулоска највише плаќа

news
Advertisement

Без гинеколошки услуги и недоволно лекарски прегледи, без говорница за телефонски повици, без просторија во која мајките осуденички можат да ги видат своите деца, со бубачки, вошки и лоши хигиенски услови поминува секојдневието на затвореничките во женскиот дел во најголемиот затвор во државава. Затворот во Идризово има капацитет од 1.253 легла. Од нив 77 се жени што ја издржуваат изречената затворска казна во женското одделение затворот. Извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) е полн со негативности за тоа во какви услови во ќелиите осуденичките ги поминуваат затворски денови. Што ќе посакаш, можеш да добиеш, но само со пари. Тогаш можеш да имаш кревет, телефон, топла вода, медицинска терапија, преместување во друга установа, користење погодности итн.

Advertisement

Во овој дел од установата се направени некои реконструкции со кои се подобрени материјалните услови за осуденичките, како нов под и нови ПВЦ прозорци и врати. Осуденичките се жалат на присуство на тавтабити и вошки во установата, слаба комуникација со воспитувачките, слаба хигиена во тоалетите, неможност да ги набават потребните лекови, како и 12 на недостиг од гинеколошки услуги кои Министерството за здравство има обврска да им ги обезбеди.

Телефонската говорница во женското одделение е нефункционална, а таблетот, според искази на некои осуденички, најчесто го користат едни исти лица. Осуденичките освен отворен простор каде има клупа со столчиња, немаат на располагање никакви услови за слободни, спортски и вокациски активности.

„ Во женското одделение нема ниту соодветна просторија во која осуденичките ќе може да остваруваат контакти со своите деца, а која просторија треба да нуди релаксирачка и рекреативна атмосфера. Видеонадзорот во женското одделение е сè уште нефункционален. Девојчиња кои издржуваа воспитно поправна мерка во КПД Идризово Просторот кој беше наменет за девојчињата кои издржуваат воспитно поправна мерка е само една соба со кревети, во која беше забележано присуство на влага. Девојчињата два часа во текот на денот го поминуваа времето надвор, а по кажување на припадничките на затворската полиција, тие често го поминувале времето надвор заедно со возрасните осуденички, кои имале подобро поведение и однесување. Девојчињата кои издржуваат воспитно поправна мерка не се вклучени во образовниот процес, немаат услови за квалитетно поминување на слободното време, стручно оспособување, а воспитувачките за возрасните осуденички се истите кои работат и со девојчињата упатени на заводска мерка. По кажување на девојчињата, тие често биле сведоци на вербални расправии помеѓу возрасните осуденички бидејќи биле оддалечени само неколку метри од нив. Во време на објавувањето на овој извештај, ниту едно девојче не се наоѓа на издржување воспитно поправна мерка”, се вели во дел од Извештајот наменет за женскиот дел во најголемиот затвор во државава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.