Војна меѓу криминални групи и полицијата во Рио де Жанеиро , убиени девет лица

news
Advertisement

Најмалку девет лица се убиени во голема полициска операција во неколку сиромашни населби во бразилската метропола Рио де Жанеиро, објавија денеска бразилските медиуми, пренесе ДПА.

Advertisement

Двајца полицајци се повредени, а пет лица се приведени, јавуваат локалните медиуми. Според полицијата, убиените се криминалци.

Многу училишта со илјадници ученици беа затворени поради операцијата, а жителите не ги напуштија своите домови поради страв од истрели.

Полицијата, која била поддржана од специјалната единица Бопе, сакала да ги уапси шефовите на криминалниот синдикат Командо Вермељо (Црвена команда), кои наводно се криеле во фавелата.

Криминалците подигнале и запалиле барикади направени од возила, кои полицијата морала да ги расчисти.

Моќните криминални синдикати како Командо Вермељо и голем број помали банди се борат за контрола на шверцот со дрога и заштитни рекети во сиромашните населби.

Во најкрвавата операција во историјата на Рио во 2021 година, полицајци убиле најмалку 28 осомничени членови на нарко банди во населбата Џакарезињо, област позната како една од базите на Командо Вермељо.

мс/фото: МИА архива .

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.