Адвокатот на Навални приведен во Москва

news
Advertisement

Василиј Дубков, адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, е приведен во Москва, јавуваат медиумите.
Тој наводно бил уапсен поради „нарушување на јавниот ред и мир“, пренесува Новаја Газета.
Оток, болка и грчеви во мускулите – трите најчести симптоми на „валкани“ крвни садови. Решението е едноставно…
По смртта на Навални, Дубков ја придружувал мајката Људмила до Салехард, каде било пренесено телото на рускиот политичар.
Навални почина на 16 февруари, а телото и беше предадено на неговата мајка.
Датумот на погребот ќе биде одреден подоцна.
Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.