Во Армијата примени 200 професионални војници

news
Advertisement

Во Армијата на Република Северна Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината.

Advertisement

-Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа е огромна чест а и обврска за сите да нас. За да успеете во таа цел не сте сами, Министерството за одбрана и Генералштабот се со вас. Нашата задача е да бидете добро опремени да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати кои одговараат на вашиот труд, енергија и знаење, порача Петровска.

Новопримените војници, нагласи таа, сега се дел од НАТО семејството.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.