Во Белорусија уапсен опозициски политичар

news
Advertisement

Во Минск беше уапсен опозицискиот белоруски политичар Андреј Димитријев, кој во 2020 година беше противник на претседателот Александар Лукашенко на претседателските избори.

Advertisement

Организацијата за заштита на човековите права „Весна“ соопшти дека лидерот на движењето „Кажи ја вистината“ бил уапсен вчера во близина на неговиот дом во главниот град на Белорусија.

Не е позната причината за апсењето.

Димитријев се наоѓа во озлогласениот притвор Окрешчина, каде, според активистите, се измачуваат политички затвореници.

Белоруските власти одбија да коментираат за неговото притворање. Немирите во Белорусија се случија во 2020 година по претседателските избори, на кои Лукашенко повторно победи, а опозициските струи и Западот ги оценија како наместени, пишува АП.

Властите насилно ги задушија демонстрациите кога беа уапсени повеќе од 35.000 лица, илјадници беа претепани од полицијата, а десетици медиумски куќи и невладини организации беа затворени.

Димитријев на тие избори беше четврти со 1.2 отсто од гласовите, според официјалните резултати.

За време на предизборната кампања тој ги поддржа Сергеј Тихановски, Виктор Бабарика и Валери Цепкал, на кои им беше забрането да учествуваат на изборите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.