Во Битола приведени две лица за недозволена трговија со девизи

news
Advertisement

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во акциска контрола во Битола откриени се шест диви таксисти и приведени се две лица за недозволена трговија со девизи.

Advertisement

„На 08.08.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при вршење на недозволена трговија, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување од Народна банка на Република Северна Македонија и спротивно на одредбите од член 55 од Законот за девизно работење. Притоа, кај нив биле пронајдени 247.000 денари, 12.430 евра, околу 15.000 австралиски долари, 3.302 американски долари, 4.415 канадски долари и други валути“, соопшти МВР.

Според информациите од полицијата вчера криминалистичката полиција при СВР Битола на повеќе локации во Битола изврши контрола на повеќе патнички моторни возила кои вршат превоз на патници.

„Притоа биле затекнати шест патнички моторни возила кои вршат превоз на патници без поседување лиценца за вршење на јавен превоз. По документирање на случаите, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.