СДСМ: Собранието да дефинира рамки за преговорите за членство

news
Advertisement

Владејачката партија СДСМ предложи манифест за преговори со ЕУ, со кој бара Собранието да дефинира рамки за преговорите за членство.

Advertisement

„Во Манифестот е јасно наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија“, стои во соопштение на СДСМ.Според СДСМ, Манифестот е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.

„Затоа, време е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Политиките на СДСМ и коалицијата, за интеграција во НАТО и полноправно членство во ЕУ не се само политики за остварување на врвните стратешки приоритети и национални интереси, тоа се политики за сигурна и стабилна иднина за сите граѓани, економски напредок, развој и европски вредности. Ние сме чувари на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција, но и
на заедништвото меѓу сите наши граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност.

Токму преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните, се вели во партиското соопштение.

Иницијатори на Манифестот се политичките партии: Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Демократската Унија за Интеграција, (ДУИ), Алијанса за Албанците (АА), Либерално- демократска партија (ЛДП), Нова социјал-демократска партија (НСДП), Демократска Партија на Албанците (ДПА) Партија за движење на Турците (ТХП), Демократска партија на Турците во Македонија (ТДП), Демократска обнова на Македонија (ДОМ), ВМРО- Народна партија (ВМРО-НП), Партија на пензионерите (ПП) и Српска странка во Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.