Во Бразил се роди бебе со четири бубрези

news
Advertisement

Во Бразил се случи медицинско чудо бидејќи се роди бебе со дури четири бубрези.

Advertisement

Исис Елоа Фереира Алвеш се роди предвреме.

Лекарите сфатиле дека Исис има проблем со бубрезите кога била во утробата, но не биле сигурни за што точно се работи. Дури кога Исис беше подложена на операција на пет месеци, лекарите потврдија дека таа има, не еден, туку два резервни бубрези. Така малата Исис Елоа Фереира има четири бубрези, пишува New York Post.

Присуството на еден или повеќе дополнителни бубрези е толку ретка состојба што помалку од 100 такви случаи се документирани ширум светот. Се верува дека дополнителните бубрези се предизвикани од абнормална поделба на нефрогените канали на ѕидот на ембрионот за време на бременоста.

Дополнителните бубрези може да се спојат со другите бубрези, а може и да останат незабележани во текот на животот. Откако се родила предвреме со царски рез во болницата Регионална де Собрадињо во Бразилија, Исис била сместена во инкубатор.

Кога ѝ била потребна операција на пет месеци, лекарите во болницата да Кријанка де Бразилија Хозе Аленкар откриле дека таа е родена со четири бубрези. Нејзиниот горен десен бубрег бил отстранет по опструкција што довела до насобирање урина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *