Општина Битола целосно ќе го дигитализира процесот на работа во општината

news
Advertisement

Општина Битола потпиша договор за „Набавка на интегриран систем ГИС систем и систем за електронски постапки“, со кој општината целосно ќе го дигитализира и модернизира процесот на работа.

Advertisement

Од секторот за односи со јавност информираат дека претставници на компанијата „Интелегент нетворк солушн ДОО Скопје“, заедно со дел од вработените, почнаа активности за реализација на договореното.

Според градоначалникот Тони Коњановски, дигитализацијата на услугите е високо во приоритетите за квалитетна работа на општината и со неа ќе се овозможи значително олеснување на услугите за граѓаните и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност на општинската администрација.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.