МАСК СТАНА И ГИНИСОВ РЕКОРДЕР Неговото богатство се стопи за 182 милијарди долари за една година

news
Advertisement

Милијрдерот Илон Маск кој изминатата година беше актуелен со случувањата околу купувањето н Твитер деновиве стана актуелен и со загубата на неговото лично богатство. Тој за една година од ноември 2021 година до крајот на ланската година забуви околу 182 милијарди долари што го направи рекордер во губење на богатството.

Advertisement

Милијардерот веќе е ставен во Гинисовата книга на рекорди од каде што најавуваат дека се проценува дека е можно неговото богатство да е намалено и за 200 милијарди долари, бидејќи нема официјлни точни податоци.

Нето богатството на Маск падна од највисокото ниво од 320 милијарди долари во 2021 година, на 138 милијарди долари во јануари 2023 година. Поголемиот дел од богатството на Илон Маск е поврзано со акциите на Теслаa, чија вредност падна за 65% во 2022 година бидејќи највредната автомобилска компанија на светот се соочува со намалена побарувачка и логистички проблеми.

Забрзаниот пад на цената на акциите на Тесла се случи во октомври, кога Маск го купи Твитер за речиси 44 милијарди долари и голем дел од своето време го посветуваше на оваа платформа.

Претходно рекордот го држеше јапонскиот милијардер Масајоши Сон со загуба од 58,6 милијарди долари

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.