Османи во Виена ја презентира македонската програма за претседавање со ОБСЕ

news
Advertisement

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, започна денеска во Виена со презентацијата на македонската програма за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Advertisement

Според најавите на нашето МНР, Османи пред Постојаниот совет на ОБСЕ зборува за предизвиците со кои се соочува оваа организација, како и визијата и плановите на Македонија како претседавач во 2023-тата година. „За време на неговата посета на Виена, министерот Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Австрија, земјата-домаќин на ОБСЕ. Исто така, тој ќе реализира билатерална средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет. На средбите ќе се разменат мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, и за улогата на ОБСЕ справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската федерација врз Украина“ се вели во соопштението од МНР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.