Во Германија апел за забрана на пиротехниката по нападите на новогодишната ноќ

news
Advertisement

По инцидентите во новогодишната ноќ кога во намерни напади со пиротехнички средства, за кои медиумите известуваат дека ги извеле групи во мигрантските квартови и радикални групации, само во Берлин се повредени повеќе под 50 полицајци и пожарникари, во понеделникот се разгоре дискусија за забрана на продажбата на пиротехниката.

Advertisement

Во соопштението на берлинската противпожарна бригада се наведува дека противпожарната бригада во Берлин интервенирала 1.717 пати и а интервенирала за пожари 749 пати на новогодишната ноќ, објави Amsterdam Fox. Констатирано е дека во настаните што избувнаа за време на прославите во градот, се случиле 38 напади врз пожарникари и возила на должност, а 15 пожарникари се повредени.

Во соопштението е забележано дека најмалку 22 лица се повредени во несреќи со огномет во градот за време на новогодишните прослави.

Во соопштението на берлинската полиција е соопштено дека освен пожарникарите, напади биле извршени и врз полицијата и врз оние кои работат во јавниот превоз. Додека во нападите беа повредени 18 полицајци, беше објавено дека 103 лица, од кои пет се жени, се приведени за кривични дела како подметнување пожар, прекршоци поврзани со експлозиви и напади врз полицијата на новогодишната ноќ.

Од друга страна, во вестите во германските медиуми се наведува дека најмалку две лица загинале како последици од несреќи со огномет, а многу луѓе се тешко повредени. Пријавено е дека 17-годишен тинејџер кој бил тешко повреден за време на употреба на огномет во градот Лајпциг починал во болницата каде што бил пренесен, а едно лице починало како последица на удар од возило додека пукал со огномет на улица во покраината Саксонија-Анхалт.

Констатирано е дека во градот Гота на лице кое е тешко повредено како последица од експлозијата на огнометот што го купил преку интернет, му биле отсечени две раце, а во градот Шлајз, 21-годишно лице ја загубил раката во несреќа со огномет.

„Мислам дека треба повторно да разговараме за забраната на пиротехниката, и тоа не само во Берлин, туку во целата земја“, изјави сенаторот (министерот) з култура на градот сојузна покраина Берлин, Калус Ледерер од владејачката партија и на сојузно ниво Левица.

Ледерер смета дека проширувањето на зоните во кои е забранета приватната употреба на пиротехничките средства, како што го предложи градоначалничката на Берлин, Франциска Гифи, од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), нема да доведе до посакуваните резултати, туку дополнително ќе го оптовари дејствувањето на полицијата.

Во новогодишната ноќ во Берлин се случија многубројни напади врз пожарникарите и полицајците во кои се повредени 33 припадници на овие служби. Насилниците во многу делови од германската престолнина ја напаѓале полицијата и пожарникарите кои се обидувале да интервенираат при пожарите и повиците на граѓаните поради насилничко однесување.

Насилниците во многу делови од Берлин ги напаѓале полицајците и пожарникарите, кои се обидувале да интервенираат поради пожарите или поради дојави на граѓаните за насилства.

Како епицентар на нападите врз полицајците и пожарникарите во официјалните извештаи се наведува квартот Ноеклен каде што главно живеат голем број мигранти, претежно од арапските земји.

Челникот на Христијанско-демократската унија (CDU) за Берлин, Каи Вегнер, се противи на забраната за продажба на пиротехниката и заговара построго казнување на предизвикувачките на инцидентите.

„Ова не е проблем на пиротехниката, туку општествен проблем“, вели Вегнер и додаде дека станува збор за „целосен недостиг од почитување кон претставниците на државата“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.