Болестите на тироидната жлезда после ковид пандемијата во пораст

news
Advertisement

Тироидната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во човековиот организам, а нејзината улога е во регулирање на метаболизмот, но симптомите кои укажуваат на проблеми со штитната жлезда се нејасни, па затоа лекарите предупредуваат барем еднаш годишно да се прават детални анализи.

Advertisement

Речиси три години од почетокот на пандемијата, ковид-19 и понатаму опстојува, но за среќа во помали размери. Откако стивна пандемијата започнаа да излегуваат на виделина последиците од овој вирус. Имено, се бележи пораст на тироидните заболувања кои тешко се самодијагностицираат, бидејќи може да се помешаат со други здравствени проблеми.

Најновите истражувања покажуваат дека се претпоставува дека секоја петта жена во текот на животот ќе наиде на нарушување на тироидната жлезда, а се зголемува и бројот на заболени мажи, меѓутоа помладата популација е најпогодена.

Дека има пораст на ова заболување покажува и фактот што во штипската Клиничка болница единствениот еднокринолог кој им е достапен на пациентите од источна Македонија секојдневно прегледува над 20 пациенти.

Најраните симптоми кои укажуваат на нарушување на хормоните на тироидата се замор, ненадејно губење или зголемување на телесната тежина, бавен или брз пулс, чувствителност на топлина или студ, анксиозност и депресија, како и губење на косата. Болестите на тироидната жлезда се во пораст и сѐ поголем број луѓе страдаат од овие болести. Затоа, лекарите препорачуваат барем еднаш годишно да се прават детални анализи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.