Во Германија се случи најнеобичната кражба. Крадците скршија контејнери за да украдат тоалетна јартија

news
Advertisement

Од германската железничка станица украдени 256 ролни тоалетна хартија и 15.000 салфетки
Крадците ги искршиле контејнерите во кои се чувале санитарните материјали

Advertisement


Крадци украле 256 ролни тоалетна хартија и околу 15.000 салфетки од централната станица во северниот германски град Либек, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата.

Контејнерите во кои се чувале санитарните материјали биле искршени вчера рано наутро. Набргу потоа, вработен во железничката компанија „Дојче Бан“ ја забележал необичната кражба и ги известила органите на редот, кои започнале истрага и трагаат по сведоци.

Во полицискиот извештај за случајот се посочува дека крадците најверојатно ги извадиле тоалетната хартија и салфетките во големи пластични кеси за ѓубре земени од станицата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.