Во Македонија не се продаваат водата и газираните пијалаци од кои има труења во Хрватска, велат од Агенцијата за храна

news
Advertisement

Се следи состојбата со труењата со минерални води и сокови во Република Хрватска, информираат од Агенцијата за храна во Македонија за „Макфакс“.

Advertisement

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), велат од таму, како контакт-точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF до овој момент нема добиено известување дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“, истакнуваат од оваа институција.

Информацијата од Агенцијата за храна и ветеринарство следува откога вчера во Хрватска беа изнесени информации за труење со газирани пијалаци.

Веста беше потврдена и од страна на надлежните служби во таа земја.

Извор: https://makfax.com.mk/makedonija/%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.