ПОЛИЦИЈАТА ПРЕТЕРАЛА СО ТЕПАЊЕТО ВО „ИДРИЗОВО“ Зибери од снимките констатирал пречекорување на овласувањата на припадниците на МВР

news
Advertisement

Претресот во полуотвореното одделение во затворот „Идризово“ беше спроведен последниот викенд од октомври кога дел од затворениците пружиле отпор по што биле совладани од страна на полицијата. Во претресот беа пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.

Advertisement

Народниот правобранител во извештајот за случувањата во затворот „Идризово“ кога беа повредени полициски службеници и затвореници констатирал пречекорување на овластувањата на полицијата.

– Заврши процесот на обработка на видео записите и извештајот ќе го дадеме. За жал, има елементи на повреда на правата во смисла на пречекорување на овластувањата на припадниците на полиција – изјави денеска народниот правобранител Насер Зибери, одговарајќи на новинарско прашања по конференцијата „Надзорната улога на Народниот правобранител над безбедносниот сектор од аспект на заштита на правата на граѓаните“.

Прашан дали тоа е причината за настаната ситуација во затворот Идризово, Зибери рече дека не е сигурен дали тоа е единствената причина.

– Јас гледам од перспектива на заштита на правата на затворениците, како е дојдено, зошто е дојдено, дали е добро организирано, одговор треба да дадат тие, а ние веќе се обративме до надлежните служби да добиеме целосна слика за акцијата – рече Зибери.

Претресот во полуотвореното одделение во затворот „Идризово“ беше спроведен последниот викенд од октомври кога дел од затворениците пружиле отпор по што биле совладани од страна на полицијата. Во претресот беа пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.

Извор: https://plusinfo.mk/polici-ata-preterala-so-tepa-eto-vo-idrizovo-ziberi-od-snimkite-konstatiral-prechekoruva-e-na-ovlastuva-ata-na-pripadnicite-na-mvr/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.