Во пензија ќе одиме на 67 години наместо на 64? Граѓаните не сакаат да чујат за ваквиот предлог

news
Advertisement

Во пензија ќе одиме на 67 години наместо на 64? Граѓаните не сакаат да чујат за ваквиот предлог

Advertisement

Повеќето граѓани на Македонија не се подготвени да работат над 62 (жени), односно 64 години (мажи), како што веќе станува пракса во повеќе европски земји, покажуваат анкетите.

Резултатите откриваат дека само 13,5% од испрашаните сметаат дека можат да работат до 67 години, додека 86,5% сметаат дека тоа е премногу.

Еден од оние кои не сакаат да работат подолго е и 62-годишниот скопјанец Борис Манасиевски, вработен како магацинер во една голема компанија.

Добивајте вести на Viber

Тој вели дека со нетрпение чека да поминат уште две години и да оди во пензија.

За ништо на светот, вели тој, нема да прифатам продолжување на работниот век.

„Јас веќе ја чувствувам староста, немам доволно сила, не гледам добро, брзо се заморувам и признавам дека ми е време за пензија. Не можам да се натпреварувам со младите кои се посветени и амбициозни. Сега сакам да уживам во животот, да се посветам на семејството и да патувам. Не сакам да работам до крајот на животот. Па до кога да работам, до смрт?”, вели Манасиевски.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), воопшто не треба да се размислува за некакво зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Напротив, треба да се воведат повеќе модели за поволни услови за пензионирање. Нашите конкретни предлози се доставени уште од 2020 година, а се однесуваа на следните предлози: воведување на пензионирањето врз основа на стажот, без оглед на нивната старосна возраст, можност да се докупи стажот при предвремено пензионирање и воведување бенефициран стаж за одредени категории граѓани – велат од ССМ.

Продолжувањето на старосната граница е само една од мерките на ригорозно штедење на државните трошоци. Во настојувањето да се изборат со дефицитите во буџетите, членките на Европската Унија ги намалуваат платите или воведуваат нови даноци за полесно да се справат со глобалната економска криза.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.