ЦУК: Пожарот во Тетовско е ставен под контрола, следува испитување на водата за пиење

news
Advertisement

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола. Има по малку чад, но на лице место континуирано се уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата.

Advertisement

Согласно информациите во ЦУК, екипа Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово е на терен и за да ја испитаат водата за пиење. Но, резултатите ќе бидат готови за неколку дена. Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.