Во пожар во шесткатен трговски центар во главниот град на Бангладеш во текот на ноќта загинаа најмалку 43 лица, а десетици други беа повредени.

news
Advertisement

Пожарот започна доцна синоќа во ресторан на првиот кат од трговскиот центар во Дака. Генералниот директор на противпожарната служба и цивилната одбрана рече дека повеќе од десетина противпожарни единици биле распоредени за гаснење на огнената стихија.

Advertisement

Пожарникарите успеаа да спасат преживеани но и ги извлекоа телата на најмалку 43 жртви. Министерката за здравство Саманта Лал Сен рече дека билансот може да се зголеми бидејќи 18 лица се со тешки изгореници и повреди и во моментов се борат за живот во две државни болници.

Преживеан во несреќата раскажува дека за време на пожарот луѓето во стампеда бегале кон покривот на зградата за да се спасат.

Екипа на противпожарната единица утрото влегла во јагленосаната зграда за да види дали има уште тела, а вештаците за судска медицина почнале да бараат докази во истрагата за пожарот. Причината за пожарот за сега не е утврдена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.