Граѓани споделуваат искуства со труења на животни во изминатите години со отровот „ланате“ од кој смртно настрада 47-годишна скопјанка.
Велат дека предолго предупредуваат дека опасноста од овој отров е голема, а сепак институциите не превзеле ништо сериозно за да се спречи неговата употреба, иако се набавува „на црно“.
Секое лето, во јули, во село Блаце, Катлановско, некој со ваков отров убива мачиња и кучиња. Расфрла низ цело село ноќе храна, а одсабајле е помор. Кога маж ми отиде во полиција и го пријави и усмртувањето на нашите мачиња најдени со пена на уста (мајката и не ја најдовме) во Полиција речиси и му се изнасмеале (за мачки ли ќе се грижат). Но, ете нека се погрижеле за луѓето… Отров се расфрла низ село полно со бавчи. И никому ништо, сподели една скопјанка.
Сите кои споделија искуство со „хорор сосед“ кој редовни труе мачиња и кучиња потенцираат дека не мора овие луѓе да ги сакаат животните, но барем да бидат свесни и одговорни за големата опасност која демне по луѓето, нешто што и го потврди последниот трагичен случај во Драчево во кој жена почина, а нејзиниот оспруг и свекрва се во кома откако се затруле од отровот кој засега под неразјаснети околности се нашол во домашно приготвената пита.