Катастрофални резултати: Над 82% од водата во тетовските села е со бактерии и Ешерихија Коли

news
Advertisement

Жителите од селата во руралните општини во тетовскиот регион пијат микробиолошки неисправна вода за пиење. Тоа го покажаа и последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово.

Advertisement

Во последниве три месеци извршени се испитувања на водоводите во руралните места. Добивме лоши резултати. Од 102 испитани мостри, 82 % се бактериолошки неисправни. Наша среќа е што се работи за Коломформни бактерии и Ешерихија Коли, значи постои обична нечистотија, овие бактерии не се толку сериозни, но тоа ни е аларм“, вели доктор Ратко Давидовски специјалист по хигиена е здравствена екологија, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово.

Неисправноста на водата се должи на неодржување на водоводите, велат од Центарот за јавно здравје Тетово.

Сето ова се должи пред се на неодржувањето на извориштата и каптажите, честите дефекти во водоводните мрежи како и нередовната дезинфекција, тоа е основното нешто каде треба да се интервенира а може да не спаси од овој висок процент на микробиолошка неисправна вода за пиење. Жителите можам да кажам дека веќе се навикнати на овие резултати оти овој проблем е со години, но последниве резултати се најкатастрофални. Наша препорака е да ја превриваат водата или пак да купуваат флаширана вода, што во овие услови на оваа немаштија е тешко“, вели доктор Давидовски.

Жителите од тетовските села велат дека при секои анализи добиваат информации дека водата е неисправна за пиење.

Некои немаат вода, а ние таа која што ја имаме не можеме да ја одржуваме. Комуналните претпријатија кои стопанисуваат со водоводите треба да бидат посериозни и попрофесионално да ги одржуваат водоводите“, вели еден жител на село Доброште.

„Не е чиста водата за пиење, ние купуваме флаширана вода, ретко кога ќе добиеме информација дека нашата вода е безбедна и затоа најбезбедно ни е да купуваме вода“, вели жител на Милетино.

Во Тетово водата е микробиолошки исправна за пиење, но со малку променет мирис и вкус поради гниење на лисјата во река Пена и Лешничка река од каде со вода се снабдува новиот тетовски водовод.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.