Advertisement
МВР извести дека вчера во 13.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на улицата „Народен херој Орде Чопела“, мотоцикл „кимко“ управуван од Љ.П.(44) од Прилеп удрил во заден дел од паркиран камион „МАН“.
Advertisement
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде им подлегнал на повредите.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Advertisement