Петровска: Нема зошто да се извинувам, борбата против мафијата и тефтерчињата од минатото е најтешка

news
Advertisement

Славјанка Петровска – министерката за одбрана одговори на прозивките од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде бараа извинување од неа за случајот „Делчевски ниви“.

Advertisement

„Ширењето лажни вести и невистини за наводни притисоци кон пратеникот беше всушност одбрана на криминал. Јавно прашуваме дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски? Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме одговори и од Мицкоски: каква е неговата поврзаност со овој скандал“ – рече своевремено на Петровска на прес-конференција од пред штабот на СДСМ, порачаа денеска од опозициската партија.

Министерката со одговор на сето тоа:

„Нема зошто да се извинувам, борбата против мафијата и тефтерчињата од минатото е најтешка. Таа понекогаш трае подолго од очекуваното, но најважно е да се продолжи и да не се откажуваме. Јас ни милиметар не се повлекувам од борбата против криминалот и корупцијата без оглед во чии редови е и затоа на криминалци и штетници не им се извинувам. Кога ќе ги видите ниските проценти на доверба во судството и обвинителството ДПМНЕ немаат многу простор за славење“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.