Во Скопје казнети 213 возачи, најмногу за брзо возење

news
Advertisement

Сообраќајната полиција вчера во Скопје казнила 213 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Advertisement

„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл“, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека изречени се десет мерки за користење на мобилен телефон при возење и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.