Загина 22-годишник од Тетовско, со тракторот се превртел на земјен пат

news
Advertisement

МВР информира дека вчера околу 13.50 часот во тетовската Клиничка болница бил донесен починат Ф.М.(22) од тетовски Порој.

Advertisement

Според утврденото во увидот, Ф.М. со уште четири други лица од истото село се превезувале со трактор „имт 539“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал.

На земјен пат во месноста „Плоче“ во атарот на Порој, тој изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а од здобиените повреди Ф.М. починал на местото, а со повреди се здобил и еден малолетник кој, исто така, бил на тракторот.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на Ф.М. било дадено на обдукција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.