Advertisement
Заладувањето по силното невреме изминативе денови, вчера донесе снег во Словенија. Од словенечката агенција за животна средина (Арсо) соопштија дека нивната камера на Кредарица снимила „краток снежен дожд“.
Advertisement
На оваа највисока метеоролошка станица моментално е 1 степен Целзиусов, напишаа на Твитер.Метеоролозите денеска издадоа жолто предупредување за целата држава. Според нивните прогнози, попладне ќе пристигне невреме со врнежи, а во Приморска ќе дува слаб до умерен ветер, кој во текот на вечерта ќе ослаби.
Advertisement