Кога страста ќе се разгори од двете страни, интимните односи едноставно се случуваат, без оглед на тоа за која доба од денот станува збор.
И, додека едни се согласуваат на утрински, други преферираат секс во вечерните часови.
Студија од 2018 година објавена во магазинот „Frontiers in Psychology“ открила дека жените за водење љубов најмногу се расположени навечер, додека мажите наутро имаат најголемо либидо.
Но, кога станува збор за специфичните денови во текот на годината, научниците откриле кога интимните односи најчесто се случуваат.
Истражувањето „Skyn Condoms“ испитувало 5.117 луѓе на старост од 18 до 34 години за секој најситен детаљ од нивниот интимен живот. Имало прилично интересни и неочекувани одговори. На прашањето за датумите во текот на годината кога најмногу ги славеле интимните односи, најчестиот одговор бил роденденски однос со неверојатни 79 отсто.
На второто место се нашол Денот на вљубените со 73 отсто, додека годишнини (67 отсто) и празници (63 отсто) се нашле на третото, односно четвртото место.
Во текот на Новогодишната ноќ 58 отсто од испитаниците се изјасниле дека водат љубов. Дури 55 отсто од нив кажале дека имаат интимни односи веднаш по жестока кавга.