Во Турција измерена рекордна температура од 49,5 степени Целзиусови

news
Advertisement

Турција соопшти дека вчера била измерена рекордна температура од 49,5 степени Целзиусови во централната анадолска провинција Ескишехир, а експертите предупредуваат дека трендот на топлотни бранови во медитеранскиот слив ќе продолжи до 2040-тите.

Advertisement

„Рекордна температура е евидентирана во централната анадолска провинција Ескишехир“, напиша синоќа министерот за животна средина Мехмет Ожасеки на платформата Х, поранешен Твитер.

Претходниот рекорд беше 49,1 степени Целзиусови и беше измерен во 2021 година, додаде Ожасеки.

Националната метеоролошка служба денеска предупреди дека топлотниот бран ќе продолжи да ги надминува нормалните сезонски температури за дури 11 степени.

Главната причина за топлинските рекорди се климатските промени, според Барш Онол, професор по метеорологија на Техничкиот универзитет во Истанбул.

Иако временскиот феномен Ел Нио носи и температурни рекорди, топлотните бранови стануваат се почести и траат подолго, рече Онол во телефонски разговор со ДПА.

– Турција ќе биде многу повеќе изложена на високи температури во следните 30 до 40 години, како и остатокот од медитеранскиот регион, предупреди тој.

– Од 2040 година врвот на туристичка сезона во медитеранските земји ќе биде во септември и октомври, предвидува Онол.

Управувањето со водите и водните ресурси ќе биде исто така клучно за регионот, смета Онол, и предвидува суша во летните месеци во годините што доаѓаат.

Турција е многу зависна од фосилните горива. Според официјалните податоци, околу 34,6 отсто од електричната енергија е произведена од јаглен во 2022 година, а 22,2 отсто од природен гас.

Ожасеки потсетува дека целта на земјата е да достигне нулта стапка до 2053 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.