Во училиште во Виена ученик се заканувал со пиштол , на крајот сватил дека тој е пластичен

news
Advertisement

Ученик се заканувал со пиштол во училиште во Виена, на крајот сфатиле дека било пластична играчка

Advertisement

Виенската полиција и специјалните единици денеска биле повикани во стручното училиште во Линк Винцеил, во Виена, по дојава дека во училиштето има ученик кој се заканува со оружје, јавуваат австриските медиуми.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Во меѓувреме било утврдено дека се работи за пластична играчка.

Виенската полиција на платформата Икс потврди дека е во тек голема операција во училишната област Молардгасе и дека сообраќајот е затворен, но не соопшти за каков инцидент се работи.

Медиумите јавуваат дека училиштето е затворено и дека полицијата пребарува кат по кат од зградата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.