Advertisement
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува, информираат од УХМР.
Advertisement
Минималните температурии ќе се движат во интервал од минус 4 до 3 степени, а максималните од 8 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Mинималната температура ќе изнесува минус 1, а максималната 15 Целзиусови степени.
За утрешниот ден од УХМР најавуваат променливо и облачно време со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Advertisement