Врнежи од слаб снег на Попова Шапка

news
Advertisement

Врнежи од слаб снег вечерва има на Попова Шапка, информираат од АМСМ, додавајќи дека сообраќајот на остантите државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Advertisement

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, известуваат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.