Вучиќ: Денеска и утре ќе разговарам со Лајчак, пред Охрид ќе кажам што мислам

news
Advertisement

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска и утре ќе разговара со специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и дека во среда или четврток, пред неговото патување во Охрид, ќе изнесе повеќе информации за тоа како гледа на ситуацијата во однос на Косово и што треба да се направи.

Advertisement

„Не сакам многу да зборувам пред средбата, денеска и утре ќе бидам со него и ќе се обидам да работам, не на тоа за што сонуваме, туку на што можеме да го направиме“, рече Вучиќ во Добановци на новинарско прашање за европскиот договор, посетата на Лајчак на Приштина и Белград, како и очекувањата од претстојната средба во Охрид, бриселскиот договор и ЗСО.

Тој додаде дека не гледа поента ако некој не сака ни да разговара за ЗСО.

„Ако некој не сака ни да разговара, а камоли да го спроведе ЗСО, не гледам поента да кажам ништо повеќе од тоа, денеска и утре ќе разговарам со Лајчак, а во среда или четврток, пред патувањето за Охрид, ќе кажам како гледам на се, што мислам за се и што треба да направиме во наредниот период“, изјави Вучиќ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.