Вучиќ по состанокот со Шоле: Содржаен и отворен разговор

news
Advertisement

Се огласи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил по средбата со специјалниот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Advertisement

„ Содржаен и отворен разговор со специјалниот советник на Стејт департментот Дерек Шоле. Изразив очекување дека САД ги препознаваат напорите на нашата земја за зачувување на мирот и стабилноста во регионот , како и да го искористи своето несомнено влијание и да ја поттикне Приштина да ги исполни преземените обврски во согласност со прифатените и потпишаните договори, но и да го продолжи дијалогот во духот на чесна и отворена размена на предлози за решавање на конкретни предизвици“, напиша Вучиќ на Инстаграм. Шоле е на турнеја низ Западен Балкан, која ја започна со посета на Македонија, а пред да пристигне во Белград се сретна со претставниците на приштинските власти – Вјоса Османи и Албин Курти, објави српски Курир.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.