ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА ВО ГЕНЕРАЛШТАБОТ: Работиме на смирување на тензиите, и благодарам на ЕУ

news
Advertisement

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата во Генералштабот и по повод вечерашните настани на Косово и Метохија им се обрати на граѓаните на Србија.

Advertisement

Претседателот рече дека средбата ја завршиле, а претходно генералот Мојсиловиќ разговарал со командантот на КФОР.

– Прифатени се обврските на двете страни. Пред се во размената на информации, бидејќи имаше многу лаги и дезинформации. На полноќ командантот на КФОР ќе дојде во Косовска Митровица и ќе разговара со Горан Ракиќ – рече Вучиќ.

Како што вели, тие ги молеле меѓународните претставници да направат се што е можно за да се спречи тоа.

-Пред да продолжи дијалогот во Брисел, Приштина презема еднострани чекори,

– Верувам дека ќе имаме добри вести, барем краткорочно. Се надевам дека ова до утре ќе биде деескалирано и дека со разговор ќе постигнеме мир со нови компромисни решенија – рече Вучиќ.

Како што вели, веројатно ни претстои најголемата политичка борба во наредните денови.

-Оваа акција е долго подготвувана, преку регионални до многу други служби и медиуми кои однапред ја обвинија Србија дека наводно по руски налог ќе извршиме инвазија, што според нашиот Устав и Резолуцијата 1244 и сите меѓународни договори не е можно нити планирано.

-Сакам да им се заблагодарам на оние кои ја поддржаа Србија, дури и на оние кои беа коректни и искажаа правилни ставови. Посебно сакам да им се заблагодарам на претставниците на ЕУ Џозеп Борел, потоа и Карл Билд, преставниците на американската амбасада, МНР на Руската Федерација, кои реагираа на многу коректен начин – рече Вучиќ.

Како што вели, се прават напори за смирување на тензиите, бидејќи тоа, додава, е најважно.

– Колку и да е тешко, нема да има предавање и Србија ќе победи изјави Вучиќ во обраќањето на Пинк ТВ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.