Георгиевски го искоментира подарокот на Антиќ за Вучиќ: Симболот од кој се тресевме до 2001 година, сега како верност кон српскиот свет

news
Advertisement

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, се огласи преку социјалните мрежи по повод подарокот што вчера претседателот на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ му го даде на српскиот претседател Александар Вучиќ. Георгиевски изрази револт поради симболот на патиките, јавува 360 Степени.

Advertisement

„Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001 година, а сега како верност кон српскиот свет“, напиша претседателот на ВМРО-Народна партија.

Антиќ вчера се сретна со Вучиќ, кој беше во Скопје по повод учеството на Процесот Брдо-Бриони. Тој на српскиот претседател му подари патики, а за средбата и двајцата ја информираа јавноста преку своите профили на Инстаграм.

„Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики ‘Србија 1’. И двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз“, напиша Вучиќ.

Секогаш е задоволство да се сретнеш со драги пријатели со кои разговараш за сличните интереси. Денеска имав можност повторно да се сретнам со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Разговаравме за кошарка, за последниот медал што го освои Србија на Светското првенство и за претстојните предизвици на спортски план на Србија и Македонија. Средбата ја искористив и да му подарам дизајнирани патики со обележја на Србија, креирани од единствениот @swithadot. Се надевам дека во некоја наредна можност ќе се сретнеме и на кошаркарските терени“, стои во описот на објавата на Антиќ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.