Германија: Пукање во фабриката на „Мерцедес“ – еден загинат

news
Advertisement

Во фабриката на Дајмлер во Зинделфинген дошло до пукање, а според полицијата има еден мртвов и најмалку еден ранет. Осомничениот напаѓач е уапсен. Во фабриката на „Мерцедес“ во Зинделфинген е убиен еден човек, како што соопшти државното обвинителство од Штутгарт. „Во пукање се ранети две лица, од кои едното во меѓувреме почина. Уапсено е едно лице. Сметаме дека станува збор за поединец и дека не се инволвирани други лица надвор од фабриката“, изјави портпарол на Обвинителството.

Advertisement

Итниот повик бил примен во полицијата во 7 часот и 45 минути, по што полицијата и возила на брза помош стигнале во фабриката.

Осомничениот напаѓ е 53-годишен човек.

Полицијата од Лудвигсбург утрово преку Твитер ја потврди акцијата во фабриката, со укажување дека за вработените и за населението не постои никаква опасност.

Весникот „Билд“ јави дека инцидентот се случил во погонот каде се произведува С-класата, а заднината на нападот е непозната, но според полицијата, не станува збор за обид за масовно убиство. Поради тековната истрага, претпријатието не објави други детали.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.