Запленети 105 килограми кокаин во контејнери со банани од Еквадор – богат плен на македонската и грчката полиција во Солун

news
Advertisement

Соработка меѓу македонската и грчката полиција резултира со заплена на 105 килограми кокаин на пристаништето во Солун. Пратката пристигнала од Еквадор и била сокриена во три контејнери со банани кои, според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), биле нарачани и платени од правно лице од Скопје. Сопственик и управител на фирмата е 70-годишниот А.К. од Скопје, кој во 2022 година регистрирал правно лице, во договор со С.Г. (58) од Гевгелија, со цел да се користи за увоз на овошје од Јужна Америка. По пристигнување во Солун, контејнерите биле преземени од товарно моторно возило со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од македонскиот државјанин М.М. (30), кој бил ангажиран од С.Г.. Откако М.М. го преземал и натоварил контејнерот, тој со товарното моторно возило се упатил во магацин во близина на Солун. По кратко време, од Службата за дрога во Солун во магацинот е пронајдено возилото и во него се пронајдени и запленети 105 килограми кокаин. Лицето М.М. се дал во бегство, но откако денеска (10.05.2023) преку зелениот појас на државната граница помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија влегол на наша територија, тој е лишен од слобода од страна на нашите полициски службеници“, се наведува во соопштението на МВР.

Advertisement

Во акцијата се лишени од слобода 10 лица и тоа седум државјани на Грција и тројца државјани на Република Албанија, додека во Македонија се лишени од слобода четворица македонски државјани.

Врз основа на добиени наредби од Судија на претходна постапка, извршени се претреси во нивните домови и деловните простории на правните лица. Притоа е пронајдена и одземена документација од правните лица, поврзана со набавка и увоз на овошје од Јужна Америка, мобилни телефони, пари и други предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.