Германското МНР предупредува на внимателност при патување во С Македонија поради дојавите за бомби

news
Advertisement

Mинистерството за надворешни работи во Берлин ги предупредува германските граѓани да бидат будни и претпазливи при патување во Северна Македонија поради заканите со бомби, пренесува „Дојче веле“. На граѓаните, како што се наведува, им се препорачува да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили.

Advertisement

„Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром во Скопје каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен“

се наведува во информацијата од германското МНР.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информираше дека за дојавите за бомби се информирани НАТО партнерите, потенцирајќи дека вакви закани се случуваат и во регионот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.