Парфеми кои ги палат мажите и оние кои ја будат желбата кај жените

news
Advertisement

Жените сакаат мажите да мирисаат – мажествено, вели американскиот дизајнер Том Форд.

Advertisement

Парфемите кои имитираат мирис на пот и секс се неговата визија за привлечност. Ако земете предвид дека концентрацијата на феромони, хормоните одговорни за привлекување на спротивниот пол, е најголема во пот, можеби Форд знае за што зборува.

Меѓутоа, доколку сакаат да го избегнат мирисот на пот, но да го задржат својот сексапил, мажите треба да изберат парфеми базирани на ароматични ноти на природни афродизијаци со докажани ефекти, како цимет, мошус, пачули и сандалово дрво.

Ги користеле и Египќаните, проверувајќи го нивниот ефект врз жените во овулација. Така е и со циметот, кој ја поттикнува циркулацијата, правејќи ги ерогените зони почувствителни, а сексуалното задоволство посилно. Сандаловото дрво работи на истиот принцип, кој жените потсвесно го идентификуваат со андостерон, природна хемикалија која ја поттикнува желбата и привлечноста. Ако се работи за чувствителните машки носови, тие најдобро реагираат на мирисот на ванила, чисти чаршафи, орхидеи и цитрус, покажува истражувањето на магазинот Glamour. Преведено на јазикот на парфемот, мажите сакаат лесни цветни парфеми базирани на мирис на гарденија, фрезија и зелен чај, дрвенести со мирис на смола и зачинет (бел пипер). Но, силните цветни мириси, како што се розата и зумбулот, ќе ги „оладат“ за миг. Имено, тие ги потсетуваат на мирисот на нивната баба, а тоа воопшто не е секси. Истото го мислат и за овошните парфеми кои им го отвораат апетитот, но не за секс, туку за домашна штрудла од јаболка или компот од вишни. Во категоријата „бабини“ парфеми ги вклучуваат и пудрестите кои „ги гушат и предизвикуваат главоболки“, а најлош парфем за нив е оној што го носи нивната поранешна девојка.

Мирисот на свежо измиени чаршафи или мирисот на чистота по излегувањето од туш се омилени на мажите, покажа истражувањето на магазинот Glamour. Тие сакаат и нивната жена да мириса „помлада“ и „скапо“, што се постигнува со цветни мириси во комбинација со лимон и лесни парфеми со дрвени ноти.

Жените кои мирисале на машки парфем додека фантазираат за секс, се возбудуваат побрзо и посилно од оние кои фантазирале без миризливи дразби, покажа студијата на Здружението за истражување на мирис и вкус. Сепак, прекумерното количество на синтетички мириси ги натерало да киваат и да го прекинат „протокот“ на крв во ерогените зони, според истата студија.

ЖЕНИТЕ САКААТ МАЖИТЕ САКААТ

miracle, lancome gentlemen, givenchy

light blue, dolce gabbana polo black, ralph lauren

elle, yves saint laurent aqua elements, hugo boss

secret obsession, calvin klein euphoria, calvin klein

rouge, christian lacroix farenheit, christian dior

daisy, marc jacobs for men, dolce gabbana

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.