Поднесена кривична пријава против битолчанец за две дела „тешка кражба“, крадецот приведен

news
Advertisement

Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното Јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „тешка кражба“.

Advertisement

Имено, тој вчера со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка.

Б.В. истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.