Западни медиуми: Зошто тоне рубљата – санкциите и војната во Украина ја гризат руската економија

news
Advertisement

Веста дека еден американски долар ја надмина симболичката граница од 100 руски рубљи е денес во фокусот на западните медиуми.

Advertisement

Ро јтерс објави дека „Кремљ ја обвинува лабавата монетарна политика бидејќи рубљата се спушта над 101 наспроти доларот“. Руската централна банката пак соопшти дека „не гледа закана за финансиската стабилност на Русија од обновениот пад на рубљата“.

CNN објави коментар „Руската рубља го достигна најниското ниво во последните 17 месеци во однос на доларот, бидејќи војната во Украина гризе“. Во коментарот, покрај западните санкции, како и намалениот извоз и зголемениот увоз, се истакнуваат и зголемените трошоци за тековната војна во Украина, односно, удвоените трошоци за армијата и одбраната во 2023.

Блумберг објави дека „Рубљата потона на 100 за долар бидејќи санкциите ја задушуваат Русија“, а Форбс истакнува дека „Условите на меѓународната трговија се клучен двигател на вредноста на рубљата, особено за клучниот руски извоз на енергија.“ Во написот на Телеграф, „Рубљата паѓа, а Кремљ ја обвинува „меката монетарна политика“, се укажува дека рубљата продолжува да паѓа, и по мерката од минатата недела за прекин на купувањето девизи на домашниот пазар до крајот на годината, во обид „да се намали нестабилноста“. Исто така, се пoсочува дека „неуспешниот бунт на платениците од групата Вагнер фрли дополнителен сомнеж за стабилноста на руската економија.“

Пребарувачот Google дава податок дека една руска рубља денес се менува за 0.56 денари, што е двојно помала вредност од 25 септември 2022, кога рубљата беше посилна од денарот и изнесувала 1.11 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.