„Ист Гејт Мол“: Траат проверки, примивме закана за поставена експлозивна направа

news
Advertisement

Управата на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ објави известување за евакуацијата на вработени и посетители. Тие велат дека проверките се во тек. Дојавата е дека има поставена бомба. Не откриваат повеќе детали во врска со тоа за тоа кога и од кого е примена дојавата.

Advertisement

Ист Гејт Мол е еден од објектите кои денес примија закана за поставена експлозивна направа, бомба. Согласно безбедностите процедури на трговскиот центар, трговскиот центар беше евакуиран. Во тек се безбедностни проверки од страна на надлежните институции. Откако истите ќе завршат, трговскиот центар ќе продолжи со нормалниот режим на работа за вработените и посетителите. Дополнителни информации ќе следат по завршувањето на безбедносните проверки“, велат од управата на „Ист Гејт Мол“.

„А1он“ објави дека трговскиот центар беше испразнет утрово, во периодот меѓу 10 и 11 часот. Обезбедувањето ги отвори сите влезови и излези, побара од сите посетители и вработените да го напуштат објектот. Евакуацијата траеше десетина минути. Потоа, беше побарано од сите кои стоеа околу објектот да се тргнат настрана.

Од МВР потврдија дека освен во „Ист Гејт Мол“, дојави имало и во ТЦ Бисер, полициска станица Центар, Железничка станица и зградата „Флатерон“ во Кисела Вода.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.