Гир контра референдумот: Секоја иницијатива што значи назадување треба да се избегнува

news
Advertisement

МакедонијаСлајдер
Гир контра референдумот: Секоја иницијатива што значи назадување треба да се избегнува
12/09/2022 22:19
Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека треба да се „избегнува сѐ што може да значи назадување на патот на земјата кон ЕУ“, во однос на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за задолжителен референдум за укинување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

Advertisement

– Добрососедските односи се суштински дел од пристапниот процес и ЕУ неколку пати кажа дека Договорот со Бугарија, како и Преспанскиот договор со Грција мора да се имплементираат во добар дух од сите. Секоја иницијатива што би можела да значи назадување и со тоа да се попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би можело да се избегнува. Затоа да се фокусираме на клучното прашање, а тоа е самиот пристапен процес, рече Гир во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат Тв.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.