ГОДИНИТЕ НЕ СЕ ВАЖНИ На 68 години станала манекенка, рекламира и долна облека (ГАЛЕРИЈА)

news
Advertisement

„Важно е да барате и да се пронајдете себеси“, вели Роза Санто, која станала манекенка на поодмината возраст, убедена од професионалци.
Роза Санто (71) на 68-годишна возраст ненадејно се посветила на манекенската кариера. Нејзиното вистинско име е Сецуко Саито. Родена е во Бразил. Висока е е 1,68 метри. О од детството пее, црта и пишува.

Advertisement

Пред да стане модел, Роза поминала низ многу предизвици и загуби во животот. На 22-годишна возраст се грижела за својата мајка која била врзана за кревет. Во 2000 година го загубила сопругот, со кој има три деца. Утеха нашла во грижата за растенијата.

– Важно е да барате и да се пронајдете себеси. Мојот мир го наоѓам во растенијата. Одам во градината и разговарам со нив – вели Роза. Никогаш не размислувала да стане модел, но потоа и се обратиле професионалци. И така одлучила да ризикува.

Од секогаш за своето здравје се грижела со чај, алое, кокосово и маслиново масло. Таа тврди дека најважно е да бидете во хармонија со себе.

– Самата убавина е во тоа што навистина се грижите за вашите мисли, вашата духовност – вели Роза.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.