Дали учениците ќе имаат долг зимски распуст?

news
Advertisement

Наместо последни, училиштата повторно се пред прагот први да подлегнат на ударот од енергетската криза. Дел од социолозите се контра предлогот децата да одат на продолжен зимски распуст за училиштата да заштедат на струја.
Според Илија Ацески, враќањето на онлајн учењето ќе значи повторна ресоцијализација, осаменост и депресија кај децата. Вели, ако на нешто не треба да се крати периодов – тоа е образованието.

Advertisement

До стартот на грејната сезона има неполн месец. Градоначалниците се во трка со времето да ги искористат сите можни опции за да ги ублажат последиците.

Првиот човек на Карпош, пак, во вчерашното гостување на „Само вистина“ излезе со свој предлог – ингеренциите за образовните институции да ги преземе Владата.

Деветте општини од Полог, на иницијатива на гостиварскиот градоначалник Таравари, официјално поднесоа барање до Министерството за образование зимскиот распуст да трае во декември и јануари а изгубените часови да се надополнат онлајн или со продолжување на учебната година која, во тој случај, би траела до 1 јули.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.