ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО НАЈАВА НА НОВАК ЃОКОВИЌ, 20 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ И СПОРТСКИ ЦЕНТАР – еве на која планина ќе гради

news
Advertisement

Новак Ѓоковиќ, познатиот светски тенисер од Србија, има планови да искешира дури 20 милиони евра за луксузен хотел и еден од најголемите спортски центри во регионот, на планината Гоч, дознава Ало.

Advertisement

Како што за тој медиум открил добро информиран извор, Ѓоковиќ на овој чекор се одлучил пред нешто повеќе од два месеци, а изградбата на престижниот имот се очекува на крајот на годината.

– Ѓоковиќи обожаваат планини и често ги посетуваат. Отсекогаш сакале да имаат своја оаза на голема надморска височина и да создадат престижен спортски центар кој ќе ги има сите удобности што му се потребни на Новак за време на тренинзите и одморот. Пред неколку месеци имаа можност да купат огромна парцела на планината Гоч, а Ноле тоа го сфати како знак дека е време да го оствари својот сон и да инвестира во изградба на спортски комплекс – изјавил извор.

– Новак само неколку дена преговараше за купување на земјиште на Гоч, а бидејќи неговата идеја беше поддржана од водечки инвеститори во тој дел на Србија, договорот беше лесно постигнат. За неколку недели се очекува земјиштето според документацијата да биде во негова сопственост, а почеток на изградбата е договорен за првите недели од декември. Бидејќи на земјиштето нема зграда, Ноле ќе почне да гради од нула, па ќе му требаат нешто повеќе од две години да изгради хотел и спортски центар – рекол изворот и посочил дека луксузниот комплекс на Ѓоковиќ ќе чини повеќе од 20 милиони евра.

Хотел на три ката, помошни згради, спортски терени, базени, спортски сали и ресторан се само дел од она што Ноле планира да го изгради. Почетната инвестиција е нешто повеќе од 20 милиони евра, но не жали за парите бидејќи сака се да биде во ред. Со оглед на тоа што ова е првичниот план за градба, големи се шансите пресметката да биде значително поголема – вели изворот и открил дека најдобриот светски тенисер планирал спортските активности и тренинзи да бидат целосно бесплатни за сите социјално загрозени деца.

– Иако хотелот и спортскиот центар се одлична инвестиција која на Новак му ги враќа сите вложени пари, од првиот момент го задржа идејата за создавање рај за малите спортисти кои сакаат да тренираат, а немаат услови. Прво што кажа е дека децата од таа област ќе тренираат бесплатно, како и сите други деца од сиромашни семејства. Сите знаат колку се мачело неговото семејство да му обезбеди можност да тренира, па ова е неговиот начин да се оддолжи за се што постигна денес – заклучува изворот за Ало.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.