Голем број на набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за двојните избори во Македонија

news
Advertisement

Имате два вида на избори во ист ден и не е невообичаено да има голем број на набљудувачи. Ова се заснова на препораките од мисијата за процена на потребите, изјави Стирк одговарајќи на новинарски прашања

Advertisement

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР на претседателските и парламентарни избори ќе ја предводи експертот за човекови права и поранешен заменик министер во Канада и амбасадор, Џилијан Стирк.

Како што соопшти Стирк на денешната прес-конференција, ОБСЕ/ОДИХР има клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји-учеснички. Покрај главниот тим, ќе имаат и група од 20 лица-долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени во Тетово, Охрид, Битола, Струмица, Прилеп, Штип, Куманово, Кочани, а два тима ќе има во Скопје.

Побарале и 300 краткорочни набљудувачи кои треба да пристигнат непосредно пред изборите.

Стирк изјави дека бројот на набљудувачи се заснова на пораките од Мисијата за процена на потребите.

– Имате два вида на избори во ист ден и не е невообичаено да има голем број на набљудувачи. Ова се заснова на препораките од мисијата за процена на потребите, изјави таа одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателските избори во Македонија ќе се одржат на 24 април, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.