Голем воен транспортен авион се урна во Русија, во него имало 15 луѓе

news
Advertisement

Воен транспортен авион Иљушин Ил-76 се урна за време на редовен лет во градот Иваново, на околу 250 километри североисточно од Москва.

Advertisement

Според првичните информации, авионот паднал на 2 километри од аеродромот. Очевидци тврдат дека авионот почнал да гори додека се уште бил во воздух

Руските медиуми јавуваат дека ИЛ-76 „принудно слетал“ на гробишта во близина на селото Богородскоје. Во авионот имало 15 лица, соопшти руското Министерство за одбрана

„Околу 13 часот по московско време, за време на полетувањето, во Иваново се урна воен транспортен авион Ил-76. Во него имало осум членови на екипажот и седум патници. Според првичните информации причина за катастрофата е пожар на еден на моторите“, додаваат тие.

Извор: Индекс.хр

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *