Advertisement
СВР Тетово соопшти дека вчеравечер (16 јули) околу 22 часот и 45 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот гостиварец Ж.С., кој пред тоа бил пријавен од неговата 66-годишна мајка дека физички ја нападнал и дека ја оштетил покуќнината во домот.
Advertisement
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и се расчистува и документира случајот, извести полицијата.
Advertisement